gastromed skopje

Што е диспепсија? Симптоми и дијагноза

Диспепсија е функционално заболување при кое органите за варење, пред се желудникот и првиот дел од тенкото црево, не можат нормално да ги извршуваат своите функции.

Симптоми

Примарните симптоми на диспепсија се  жаречки болка и непријатност во горниот дел на стомакот,  надуеност, слабост, гадење и нагони за повраќање , чувство на киселини во горниот дел од стомакот.

Во некои случаи, диспепсијата може да биде знак  и на многу посериозни проблеми, кои можат да дадат континуирано повраќање, нагло слабеење, тешкотија при голтање, црна столица, постојана болка во горниот десен дел на стомакот, присуство на оток и грутки на стомакот, заради  што е неопходна консултација со лекар!

Дијагноза

За дијагностицирање на диспепсија, потребно е да се извршат сите стандардни прегледи, почнувајќи од лабораториски, рендгенски и ендоскопски прегледи.  Кај помлади луѓе, во случај на добра општа состојба и краткотрајни проблеми, диспепсија може да се дијагностицира и без претходен ендоскопски преглед, и врз основа на вообичаени симптоми.  При дијагностицирање на диспепсија, потребно е да се исклучи постоењето на други болести на дигестивниот систем.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *