gastromed skopje

Што е хемороидална болест? Симптоми и третман

Хемороиди се еден од најчести здравствени проблеми на современиот човек. Најчесто се јавуваат на возраст од 45 до 60 годишна возраст, но современиот начин на животот и исрханата придонесуваат да таа граница драстично се измени кон доста помлада возраст.

Хемороиди се нормална анатомска структура на аналниот канал, преставени од венски садови и од сврзно ткиво, кои учествуваат во механизмите на задржување на столицата и гасовите, спречуваат несакано празнење и ни даваат чувство за конзистенција на столицата.

Што доведува до појава на хемороиди?

Постојат бројни фактори кои можат да доведат до зголемување на хемороидалните вени и најверојатно во создавањето на истите е комбинација на повеќе фактори. Исправената положба кај човекот повеќекратно го зголемува притисокот во ректалните вени, што понекогаш доведува до нивно зголемување. Исхраната, недоволно внесување на течности, долготрајно вршење на голема нужда (книга, новини, телефон), опстипација – запек, чести проливи, трудноќа, долготрајно седење – шофери, канцелариски работници, како и наследни фактори, води до ширење на венските садови, нивните зидови стануваат потенки, испадаат од аналниот отвор.

Симптоми

Како најчест симтом на хемороидална болест се непријатност во аналниот предел, чувство на чешање, печење, болка, која е најизразена доколку истите се излезени од аналниот канал, како и крварење.

Според локализацијата хемороидите се делат на две групи, внатрешни и надворешни.  Внатрешните  се внатре во ректумот, настануваат од горниот хемороидален плексу и надворешни, кои настануваат од долниот хемороидален венски сплет.

Според стадиумот се делат на 4 степени, така да хемороиди од прв степен кои потекнуваат од субмукозно васкуларно ткиви над запчестата линија, се наоѓаат во луменот на анусот, може да крварат после дефекација но не излегуваат надвор од анусот. Втор степен, може да излегуваат после дефекација, но истите се враќаат внатре, може да крварат. Трет степен, испаднати се од анусот при голема нужда или при напињање, и треба периодично или постојано да се враќаат внатре во аналниот канал и четврти степен, истите се постојано надвор од аналниот канал.

Болеста се дијагностицира врз основа на анамнестички податоци кои ги дава пациентот и физикален преглед – аноскопија. За прегледот не треба некоја посебна припрема.  Со прегледот се одредува кој стадиум се хемороидите и како да се третираат. Прв и втор степен се третираат конзервативно со препарати, таблети, разни креми, со месеци, 3- 5,како и  измена на начинот на исхрана и со хигиена. Целта е да се спречи опстипацијата, да се омекне столицата и да се зголеми нејзиниот волумен.  Третиот и четвртиот степен бараат поозбилен тек на лекување, како подврзување на истите но и хирушко лекување. Под подврзување се подразбира ставање на гумени ластичиња околу јазолот со што се овозможива негово сушење!

Лекување

Зависно од учестеноста на крварењето,  од крвната слике, возраста,   потребно е да се направи и колоноскопија, односно да се прегледа целото дебело црево и да се продолжи со третманот на хемороидалната болест. Истото се прави за да се исклучи можноста да се предвиди тумор на дебелото црево, кој исто така може да дава симптоми кои ги препишуваме на хемороиди.

Појава на горе наведените симптоми подразбира итно да се јавите на лекар на соодветен преглед.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *