cir na zeludnik

Чир на желудник – симптоми и причини

Најчест симптом е печење или болка во пределот помеѓу градите и стомакот, која се појачува во контакт со храна.

Чир претставува ограничено оштетување на слузницата на желудникот, која може да биде мало површно оштетување, но и подлабокој кое навлегува и во мускулниот слој од желудникот.

Како причина за појава на оваа болест, може да бидат стрес, нередовна и неправилна исхрана (брза, зачинета храна) цигари и кофеин, присуство на хеликобактер пилори, користење на лекови – аспирин, лекови за болка и реума.

Најчест симптом е болка во контакт со храна, надуеност на стомакот, подригнуванње, чувство на киселина, гадење,  повраќање, губиток на апетит и телесна тежина и слабокрвност.

Дијагнозата се поставува со гастроскопија, кога може да се земе и биопсија за хеликобактер пилори, како и со самиот прегледа доколку е потребно се земе биопсија од други промени, доколку постојат на езофагусот, желудникот и дванаесетпалачно црево и да се даде правилната терапија.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *