Гастроентерохепатологија

Д- р Дејан Станојковски
Специјалист интернист, субспецијалист по гастроентерохепатологија
гастроентерохепатолошки испитувања

ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА

Д- р Дејан Станојковски
Специјалист интернист, субспецијалист по гастроентерохепатологија.
Гастроскопија
Гастроскопијата е ендоскопска метода што значи „гледање внатре“ во горниот дигестивен систем. Иако овој преглед често се нарекува само гастроскопија, целото име е езофаго-гастро-дуоденоскопија (EGDS) и може да го испита хранопроводникот (езофагус), желудникот (гастер) и дуоденумот (дуоденум). Процедурата трае од 5 до 10 минути и не е болна, но непријатна бидејќи пациентите може да имаат силен нагон за повраќање. Се изведува во специјално опремена просторија за гастроскопија! Пациентот се става во левата странична положба, во устата се става шуплив штитник за усните и забите, преку кој се воведува инструментот. Ендоскопот се вметнува преку устата во хранопроводникот, желудникот и дуоденумот. На почетокот на прегледот се внесува воздух во желудникот за да може да се набљудува. За време на гастроскопијата, пациентот треба да соработува со лекарот и медицинската сестра за постапката да се одвива без ризик и непречено. Неопходно е да се координира дишењето според упатствата на лекарот. На крајот од прегледот, внесениот воздух на почетокот се аспирира преку ендоскопот.
Пациентот не треба да јадат или пијат ништо осум сати пред гастроскопијата. Лекот кои пациентот го зема секојдневсно може да се земат три часа пред прегледот со многу малку вода, но и немора! Неопходно е да се отстрани забната протеза или вилици пред прегледот.

Колоноскопија е ендоскопска процедура која овозможува преглед на целото дебело цревои на завршниот дел од тенкото црево. Се изведува со флексибилен инструмент – колоноскоп.
Прегледот се изведува во лежечка положба, на лево рамо, но во текот на прегледот може и да се менува позицијата. Трае од 10 до 20 минути. Може да се изведува со и без анестезија (аналгоседација).
При прегледот се пумпа воздух, со цел да се шири луменот на цревото, што може да даде одредена доза на непријатност. Може да чувствувате нагони за дефекација. Може да се јави и болка, која е краткотрајна, на одредени места, за кое ке му кажете на медицинскиот персонал.
Доколку прегледот се изведува со аналгоседација (анестезија), ке поминете некое време (до 2 часа) во простории за рехабилитација, додека не пројде дејството на седација. Исто така тогаш треба да имате и придружник!!! Тој ден да не планирате никаква работа или возење кола!
Резултатите од прегледот ке ви бидат дадени истиот ден, додека резултатите доколку е земена биопсија може да ги очекувате во наредниве некоку дена!

Scroll to Top