gastromed skopje

Лигација на Хемороиди

Поставување на ластиче (лигација) денеска е метода на избор за амбулантско леење на хемороиди од прв до трет степен. Претставува златен стандард за третман на хемороидалната болест затоа што е најбрз, доста ефикасен и најевтин третман – лечење на хемороиди до трет степен.

За лигација на хемороиди не е потребна анестезија ниту пак е потребно да се чистат цревата. Не е болно и трае околу 1 минута. Се изведува со поставување на пациенотот во колено лакотна положба или со лежење на лева страна.

Успешност на методата зависи од степен на болеста:

Прв степен – 100 % успешен третман

Втор степен – 97 % успешен третман

Трет степен – 69 % успешен третман

Четврти степен – 0 % успешен третман

Пред лигација – подврзување:

Не е потребно чистење на цревото.

Пациентите кои се под терапија со кортикостероиди, имуносупресивна терапија или вградени срцеви залистоци пред интервенцијата да земат антибиотска терапија.

После лигацијата – подврзување

Веднаш можете да си одите и да ги извршувате секојдневите активности.

Првите неколку дена ќе треба да избегнувате кревање на тешки предмети и интензивни физички вежби.

Столицата треба да биде мека!

Да се избегнува долго седење во таолет!

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.