gastromed skopje

Замастен црн дроб (ХЕПАР). Причини, дијагноза и третман

Под дефиниција за замастен црн дроб подразбираме состојба кога доаѓа до таложење на прекумерна количина на триглицериди и други видови масти во клетките на црниот дроб. Замастен црн дроб или стеатоза може да биде привремена или долгорочна состојба, која сама по себе и мозе да не е штетна, но може и да указе на други видови проблеми. Истата доколку не се лекува може да придонесе и до појава на други болести! Обично стеатозата е реверзибилна доколку се отстранат причините за истата!

Црниот дроб е орган одговорен за промена на мастите кои се внесени преку исхраната во тип на масти кои се таложат во телото и истите се користат од страна на телото како извор на енергија.  Нарушувањето на овој нормален процес мозе да се јави при алкохолизам, малнутриција, бременост или труење. При замастен црн дроб, големи капки на масти, претежно триглицериди, се собираат во клетките на дробот. Самата состојба обично не е болна и може да помине подолг период пред да се дијагностицира. Но, кога станува збор за поголемо оштетување, тогаш дробот може да се зголеми и до три пати и да биде болен. Стеатозата може да води до фиброза и цироза на хепарот.

Стеатозата е честа и афектира речиси 25% од популацијата.

Причини и симптоми

Најчеста причина за замастен црн дроб е алкохолизмот! Алкохолот го менува начинот на кој дробот ги обработува и складира мастите. Често, луѓето кои употребуваат алкохол, односно со хроничен алкохолизам страдаат и од неухранетост заради јадење неправилно и небалансирано. Неалкохолна болест на замастен црн дроб (NAFLD) која е асоцирана со инсулинска резистенција/шеќерна болест, дебелина, дислипидемија, употреба на стероиди, одреден тип на лекови – амјодарон, метотрексат, хемотерапија.  Кај бременоста исто така може да се јави една ретка, но сериозна форма на замастен црн дроб, која се јавува во задоцнета бременост.

Симптомите кои се јавуваат, почесто кај алкохоличарите со замастен црн дроб се: гадење, повраќање, губиток на апетит и абдоминална болка.

Дијагноза

За време на прегледот лекарот може да забележи доколку црниот дроб е зголоемен со нежни допири на стомакот под десниот ребрен лак, кога пациентот лежи.  Исто така лабораториски, преку крв може да се види доколку постои оштетување на црниот дроб, кога постојат лабораториски абнормалности со покачени вредности на AST,  ALT, AF I GGT. Кај бремените жени, состојба на замастен црн дроб обично е поврзана со уште една сериозна компликација, еклампсија и пре-еклампсија. Исто така, дијагнозата се поставува и со ултрасонографски преглед, ЕХО на абдомен.

Третман

Во моменот не постои специфичен начин на лечења на замастен црн дроб. Но, регулирање или лечење на било кој скриена или примарна причина која предизвикала нарушување на функцијата на хепарот, како што е дијабетес е од есенцијално значење. Доколку причина е алкохол, најважно е престанок на внес на алкохол.

Да се јаде здрава и добро балансирана исхрана. Значи неопходно е да се отстранат сите видови на токсини кои го оштетуваат дробот. Доколку се користат стероди или друг тип на суплементи истите да се прекинат со користење. Доста важно е користење на витамини и минерали. Всушност, оваа мерка е корисна и за сите кои боледуваат од неалкохоличарски масен хепар.

Диета

Диета кај замастен црн дроб е многу важна и неопходна. Со постепено слабеење (не повеќе од пола до еден кг неделно) гојазните личности можат да ја намалат количината на мастите во хепарот и на тој начин да ја подобрат неговата функција. Избалансирана исхрана и редовна физичка активност се од особено значење.

Освен намалување на калории, потребно е да се намали и конзумирање на преработена храна, особно онаа која содржи поголема количина на јаглени хиедрати (бел леб, тестенини, пченка, бел ориз, концетриран шеќер во соковите) како и масти. Под исхрана кај замастен дроб се подразбира:

Намалување на масти во исхраната, особено на заситени (маргарин, путер, павлака) и подготвување на јадење на пареа, скара или варена, со минимална колиина на маслиново масло, што претставува обврска на сите со замастен дроб.

Избегнување на непотребни лекови исто така се ефикасна мерка во лечење на болеста. Дури и одредени минерали и витамини можат да предизвикаат проблем, затоа најдобро е да се конзумираат преку храна.

Иако промената на исхраната и секојдневна физичка активност е најважна за подобрување на фунцијата на хепарот, постојат и природни лекови кои ја подобруваат регенерацијата на клетките – омега 3 масни киселини, глуварче, женшен.

Замастен црн дроб успешно се лечи и со чај од глуварче!

Подготовка:

2 мали лажици иситнет корен од глуварче се прелива со 2 децилитри провриена вода.

Да се поклопи и остави да одстои.

По 20 минути да се процеди.

Да се пие наутро И навечер!

Прогноза
Замастен црн дроб обично е реверзибилно пореметување доколку навреме се открие и третира!

Превенција
Се состои од одржување на добро балансирана исхрана, со умерено или воопшто да не се внесува алкохол, доколку постои гојазност кај личноста истата да се намали!

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.