PZU Gastromed Skopje

DIJAGNOSTICKI TRETMAN NA KRVARENJE VO STOLICA

Првиот чекор во дијагностичкиот третман на пациент со појава на мали количини на светло црвена крв во столицата е проценка од страна на надлежниот лекар за ризикот од присуство на сериозна причина за крварење.

Многу пациенти кои доаѓаат на лекар со овој проблем веќе ќе имаат индикација за ендоскопски преглед – скрининг колоноскопија. За другите пациенти, лекарот ќе ја процени потребата од понатамошен третман врз основа на земање детална медицинска историја и физички преглед и земајќи ги предвид факторите на ризик за присуство на посериозни болести, како што се возраста, присуството на крв измешана со столицата и времетраењето на симптомите.

Потребна е колоноскопија (испитување на целото дебело црево) кај пациенти постари од 45 години или во присуство на алармантни симптоми или фактори на ризик за рак на дебелото црево.

Scroll to Top