Гастроскопијата ќе му овозможи на Вашиот лекар да провери зошто ги имате симптомите како постојана горно стомачна болка, гадење, повраќање, и/или отежнато голтање, икање, кашлица, срцебиење, болка при голтање.
Гастроскопијата претставува многу попрецизно иследување отколку РТГ снимањето (со Бариумова каша) за откривање на воспаление, евентуално постоење на улцерации (чиреви) и тумори на храноводникот, желудникот и дванаесетпалечното црево.
Но, со гастроскопијата може да се земе и парче за тестирање на постоење на Helicobacter pylori, која може да предизвикува голем број од горе наведените симптоми.