
Чир на желудник – симптоми и причини
Најчест симптом е печење или болка во пределот помеѓу градите и стомакот, која се појачува во контакт со храна. Чир претставува ограничено оштетување на слузницата на желудникот, која може да биде мало површно оштетување, но и подлабокој кое навлегува и во мускулниот слој од желудникот. Како причина за појава на оваа болест, може да бидат стрес, нередовна и неправилна исхрана (брза, зачинета храна) цигари и кофеин, присуство на хеликобактер пилори, користење на лекови – аспирин, лекови за болка и реума.



